Оваа недела НАСА објави фотографија со неверојатни 1,8 милијарда пиксели, направена од роверот „Кјуриосити“ на НАСА, и станува збор за панорамска фотографија со највисоката резолуција некогаш направена од Марс.
Научниците изминативе неколку месеци составувале речиси 1.200 слики за да создадат една фотографија. Фотографиите биле направени со камерата „Маст“ на роверот, користејќи теле-фотолеќи помеѓу 24 ноември и 1 декември. Научниците ја програмирале камерата да прави фотографии секој ден во текот на истиот двочасовен период за да се задржи осветлувањето.
- Додека многумина од нашиот тим уживаа дома славејќи го Денот на благодарноста, „Кјуриосити“ го создаде овој празник за нашите очи - изјави Ашвин Васавада, проектен научник на „Кјуриосити“, во Лабораторијата за погон на млазови на
НАСА.
Покрај панорамата од 1,8 милијарди пиксели, роверот направил и панорама од 650 милиони пиксели на која се гледа неговата роботска рака. И двете панорамски фотографии го прикажуваат Глен Торидон, регионот што „Кјуриосити“ моментално го истражува во кратерот Гејл.
На видеото подолу Васавада ги објаснува деталите на фотографијата.
Иѕвор:
Cbsnews.com
Фото: NASA