Неодамна излезе документарната серија „Хари и Меган“ на „Нетфликс“. Но славниот пар веќе најави нов проект за платформата.
Хари и Меган работат на серија која ќе претстави дел од лицата што направиле најголеми промени во светот, меѓу кои и Грета Тунберг, Џасинда Ардерн и Глорија Стајнем.
Во серијата, војводата и војвотката од Сасекс ќе им прават интервјуа на овие личности. Серијата „Живеј за да водиш“ (Live to lead) премиерно ќе биде прикажана на „Нетфликс“ на 31 декември.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Wikipedia