„Нетфликс“ планира да потроши околу 200 милиони долари за снимање филм за кој се очекува да стане голема франшиза. „Електрична состојба“ (The еlectric сtate) е научнофантастичен филм со кој компанијата ја нагласува својата подготвеност да инвестира многу во проекти за кои смета дека можат да се претворат во големи франшизи.
Филмот е заснован на истоимената книга на шведскиот автор Сајмон Столенхаг и го опишува патувањето низ Земјата предводено од тинејџерка и робот. Режисери се Џо и Ентони Русо, а во филмот глумат Крис Прат и Мили Боби Браун.
Вредноста на филмот го прави еден од најскапите оригинални проекти на „Нетфликс“ досега, а компанијата очекува филмот да биде хит и да отвори можности за франшиза.
Извор:
Bonitet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)