X
 21.12.2017 Живот

Пораката на едно девојче - НЕ за петардите

10 годишната Киара од Загреб се бунтува против „насилството“ кое врз останатиот дел од граѓаните и нивните домашни миленици го прават љубителите на петарди, па им упати јасна порака - НЕ за петардите.

 

петарди


„Почитувани! Ве молам да престанете да пукате петарди бидејќи ни ги плашите домашните миленичиња и тие не сакаат да излегуваат надвор. А тие надвор мораат да трчаат и да одат во WC! Благодарам на разбирањето“, напишала Киара и се потпишала со име и презима, а во пораката нацртала и цртеж за забрана на петардите.

„Од страв, домашните миленичиња би можеле да добијат срцев удар“, додала Киара со цртеж од скршено срце, а сето тоа уште еднаш го потцртала со зелена боја, за дополнително да ја нагласи важноста на оваа порака.

Киара и тоа како е во право. Имено, голем број мачки и кучиња секоја година умираат поради шокот после пукање на петарди, а сопствениците на животните најдобро знаат како празниците се стресен период за нивните домашни миленичиња.

Казна затвор од една до пет години може да заработи секој граѓанин, кој неовластено изработува, држи или продава оружје или распрскувачки матерјали.

„Ако предметот на делото од став 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, сторителот ќе се казни со најмалку 5 години. Исто така за неовластено пукање од огнено оружје, употреба на пиротехнички средства или сличен експлозивен матерјал и го нарушува јавниот ред и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба од 200 до 500 евра. Ротителите чие дете изврши прекршок од овој закон ќе му се изрече глоба од 600 до 800 евра “

Од Полицијата апелираат до родителите и образовните институции да вршат поголема контрола над децата да не употребуваат пиротехнички средства, не само поради високите казни туку и поради опасноста oд самоповредување или да повредат друго лице додека ги користат.

Во Македонија, согласно Законот за заштита од експлозивни материи, пиротехнички производи се средства што се употребуваат за огномети, како и предмети што содржат прскави состојки кои со дејство на експлозив или други состојки служат за постигнување ефекти на оган, чад, светлина и пукање и се класифицирани како експлозивни материи. Пиротехничките средства, во Законот за заштита од пиротехнички средства, се кфалификуваат како експлозивни материи, со кои промет единствено можат да вршат правните субјекти кои се регистрирани за таква дејност. Во согласност со истиот закон, промет со експлозивни материи можат да вршат трговски друштва кои се регистрирани за таква дејност во централниот регистар на РМ  и имаат одобрение за дејноста од МВР на Република Македонија. Против сите граѓани кај кои ќе бидат пронајдени петарди и други пиротехнички средства ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот