Шерил Сандберг моментално се наоѓа на позицијата оперативна директорка на „Фејсбук“ и е основач на хуманитарната организација „Леанин“. Секако, не секогаш се наоѓала на врвот во светот на технологијата.
Пред да биде преместена во Силиконската долина работела како шеф на Генералштабот на поранешниот секретар за финансии Лоренс Самер и како консултант за компанијата „Мекинзи“. Од 2001 година Сандберг се преселила во приватниот сектор.
Но овој потег бил полесен за планирање отколку за спроведување. „Се соочив со многу одбивања и многу нервози“, се потсетува Сандберг и вели дека честопати се прашувала дали некогаш ќе добие работа во оваа индустрија.
Сандберг во 2001 година отишла на многу интервјуа во Силиконската долина, но имала проблем да најде работа.
Дното го допрела кога директор на една компанија среде интервју ѝ рекол: „Јас никогаш не би вработил никој како тебе“, на што таа одговорила: „Зошто тогаш прифати разговор со мене?“, а тој ѝ рекол затоа што член на одборот го побарал тоа од него.
Поминале 10 месеци од првото интервју, но Сандберг не се предавала, ниту сакала да се врати во владиниот сектор, каде што ѝ било полесно и каде што се чувствувала посигурно. Во еден момент ѝ се посреќило кога добила понуда од „Гугл“.
Работата во „Гугл“ бил чекор назад во споредба со нејзината последна позиција - шеф на штабот, каде што била на чело на тим од десетици илјади луѓе. Во „Гугл“ била на чело на тим од шест луѓе.
Денес ѝ е мило што ја прифатила работата што во тој момент се чинела како чекор назад.
Сандберг заклучила дека волјата да направи чекор назад за да се тргне напред е она што ѝ донело голема промена.