X
 24.07.2018 Технологија

„Епл“ бара работници – може да работите и од дома ако ги исполнувате условите



Технолошкиот џин од Купертино моментално се обидува да ги пополни своите редови, а што е најдобро од сè, работата може да се работи и од дома.

Ако барате работа, „Епл“ за вас има понуда што тешко се одбива. Компанијата бара одреден број на советници за половина и за цело работно време кои ќе одговараат на прашања за нејзините производи и сервиси, ќе нудат решенија за проблемите на корисниците и ќе обезбедуваат техничка поддршка.


Епл лаптоп
(Фото: Pixabay)


И сето ова од удобноста на својот дом.

„Ако сакате да истражувате начини на кои технологијата може да ви помогне да ги работите вашите омилени работи, веројатно ќе бидете одлични во споделувањето на тие информации со другите. Тоа е она што секојдневно ќе го работите како советник од дома“, стои на страницата на „Епл“ посветена на вработувањата.

Сите вработени, па дури и оние што работат од дома, добиваат „робустен пакет со придобивки“, што вклучува платени отсуства, попусти на производите на компанијата и ресурси кои помагаат за напредување во кариерата.

Меѓутоа, не треба да сметате дека работата од дома ќе ви дозволи деновите да ги поминувате без ангажман.

„Ако ова ви звучи како незадолжителна работа, не е така – станува збор за професионална улога во компанијата“, предупредуваат од „Епл“.

Сите заинтересирани би требало да имаат една мирна просторија со врата која може да се затвори, ергономска фотелја и сопствена интернет-врска од минимум 5 мегабити за преземање и 1 мегабит за аплоадирање.

Сите што ќе се вработат ќе добијат iMac и слушалки потребни за работа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија