Меѓународниот натпревар за најдобра пејзажна фотографија штотуку ги објави своите победници за 2019 година, а нивните фотографии се совршен потсетник за тоа колку е разновидна и убава планетата Земја.
Оваа година на натпреварот биле пријавени 3.403 фотографии од 840 учесници. Оние што влегле во финалето морале да имаат 85,2 отсто од поените, иако организаторите изјавија дека имало стотици фотографии што имале над 80 отсто од поените.
Откако внимателно ги разгледале сите фотографии, шесте судии, меѓу кои и минатогодишниот победник Адам Гибс, утврдиле дека Олег Рушов од Русија треба да биде прогласен за фотограф на натпреварот.
Извор:
Bored Panda
Фото: Internationallandscapephotographer.com