X
 17.11.2018 Култура

Авторот на „Игра на троновите“ подготвува нешто ново

Додека обожавателите на „Игра на троновите“ ја чекаат осмата, последна сезона во април, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосема нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р. Р. Мартин.

Се работи за научнофантастична „суперхеројска“ сага со работен наслов „Wild Cards”, кoja веројатно ќе има најмалку две сезони. Но, преговорите со продукциските куќи сè уште се во тек.

Приказната е сместена во алтернативно минато по Втората светска војна, каде што вирусот наречен дива карта го пустоши Њујорк. Притоа, преживеаните мутираат и добиваат посебни моќи и способности, а потоа следува нова класна поделба кај луѓето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура