X
 03.09.2017 Наука

Научниците откриле како започнуваат да се создаваат автоимуните болести

Научниците идентификувале реакција која објаснува зошто нашите тела можат да се свртат против здравите клетки, потенцијално трансформирајќи го начинот на кој гледаме на автоимуните болести и начинот на кој можеме да ги третираме.

фото извор: Caroll Lab

Реакцијата, откриена по истражувања спроведени на глушец, кои траеле 4 години, е опишана како грешка која телото го води во развивање на начин на кој започнува да се напаѓа самото себе. Студијата се фокусирала на Б клетките кои обично произведуваат антитела и го програмираат имунолошкиот систем да ги нападне несаканите антигени. Но, научниците откриле одредено прескокнување во Б клетките кај глушецот кое предизвикува автоимуни напади.

Научниците долго време се прашуваа зошто автоимуните болести еволуираат низ времето и започнуваат да таргетираат голем број на здрави органи и ткива. Кај глувчето била набљудувана авотимуната болест лупус, која често дава различни клинички презентации. Кога Б клетките чувствуваат страно тело или нешто здраво кое изгледа како да е страно тело, тие започнуваат да се формираат во гроздови наречени герминални центри. Заради овие центри лимфните јазли отекуваат кога имате одредена инфекција во организмот, на пример. Клоновите на Б клетките всушност, се борат меѓу себе надвор од овие центри па телото да може да одреди кое антитело најдобро одговара за борба против заканата.

Проблемот настанува кога телото неточно ќе идентификува нормален протеин како закана. Тогаш, процесот на селекција на Б клетките произведува авто антитела кои се докажани како големи штетници за организмот.

Овие истражувања биле спроведени само на глушец до сега, но истражувачите сакаат да го искористат моделот за да видат како е регулирано производството на антитела преку продукцијата на Б клетки и како се забрзува. Блокирањето на герминалните центри на некој начин може да биде кочница  во тој круг во кој се креира автоимуната болест. Сепак, тој третман е далеку од применлив.

Зе сега, ова истражување е ветувачки чекор напред  за подобро разбирање на ваквите болести, а со тоа и изнаоѓањето начини за нивно лечење.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука