Израелскиот уметник, Шахак Шапира, е автор на шокантниот проект
„Јолокауст“ каде на сопствен начин ги критикува туристите кои непримерно се фотографираат пред споменикот на холокаустот во Берлин.
Меморијалот на берлинскиот холокауст е популарна туристичка атракција, а подигнат е во спомен на шесте милиони Евреи - жртви во Втората светска војна.
Многу туристи, најверојатно несвесни за димензиите на нацистичкото злосторство, сметаат дека е забавно на такво место да се фотографираат во разни пози и да прават „селфи“ фоторафии со насмевки на лицето.
Затоа Шапира одлучи сите фотографии на туристите кои се објавени на социјалните мрежи да ги премонтира и како позадина да ги користи страотните слики од времето на холокаустот. Проектот го наслови „Јолокауст“ и така обработените фотографии ги реобјавува на социјалните мрежи со цел да ги „превоспита“ бесчувствителните туристи.
Како изгледа неговиот проект, можете да видите на овој
линк.