X
 27.01.2020 Живот

75 свеќи за жртвите на холокаустот во Берлин

Во берлинскиот Меморијален центар на холокаустот синоќа беа запалени 75 свеќи по повод денешното одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот.

Церемонијата на палење свеќи по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот и 75-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау ја организира Европската асоцијација на меморијали на убиените Евреи и Меморијалниот центар на холокаустот, јави агенцијата Тасс.

- На кој било ден, но пред сè на Денот на сеќавање на холокаустот, мораме да го покажеме нашето лице, мораме заедно да се кренеме за често повторуваните зборови веќе никогаш не бидат само празни фрази - изјави Леа Рош, претседателка на асоцијацијата.

И во берлинската катедрала се служеше миса по повод годишнината, а утре во Берлин ќе бидат организирани низа пригодни настани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот