X
 22.01.2017 Култура

Совети од Исак Асимов, човекот кој напишал 500 книги

Ако постои еден збор со кој би можел да се опише Исак Асимов, тоа е „плоден“.

За да го стигнете бројот на романи, писма, есеи и други дела создадени од Асимов во текот на неговиот живот, ќе треба да пишувате цел роман на секои две недели 25 години по ред

Како Асимов имал толку добри идеи кога ние сме имале само една или две во текот на нашиот живот? За да добиете одговор на ова прашање треба да погледнете во неговата автобиографија, „Беше добар живот“.

Асимов не бил роден со идеи. Тој пишувал, ги кинел страниците, бил фрустриран и се соочил со неуспехот повторно и повторно и повторно. Во неговата автобиографија, Асимов споделува тактики и стратегии развиени од него за никогаш да не исчезнат идеи од вашиот ум.

1. Никогаш не престанувајте да учите

Асимов не бил само писател кој пишувал научна фантастика. Тој имал докторат по хемија. Пишувал за физиката. Пишувал за античката историја. Тој дури и напишал книга за Библијата.

Зошто тој можел да пишува на толку различни теми?

За разлика од современите „професионалци“, учењето на Асимов не завршило со дипломата.

„Не би напишал толку различни книги ако не имав знаење надвор од она што го учев на училиште. Морав да одржувам одредено ниво на самообразование во процесот“.

За да имаме добри идеи, мораме да консумираме добри идеи. Дипломата не е крајот. Ако ништо друго, таа е почетокот.

„Сето ова читање, како резултат на недостаток на водење, остави неизбришлива трага. Мојот интерес стана поголем за различни правци и тој остана. Имам пишувано книги за митологијата, Библијата, Шекспир, историјата, науката и многу други. Читајте многу. Следете ја вашата љубопитност. Никогаш не престанувајте да инвестирате во себеси“.

2. Ако заглавите, соберете храброст и излезете


И Асимов често заглавувал.

„Често, кога работам на научно-фантастичен роман, се наоѓам себеси неспособен да напишам друг збор“.

Заглавувањето е нормално. Она што се случува после него, нашата реакција, го одделува професионалецот од аматерот.

Асимов не дозволил да го запре тоа што бил заглавен. Низ годините, тој успеал да развие стратегија:

„Не зјапам во празни листови хартија. Не поминувам денови и ноќи удирајќи си ја главата полна со празни идеи. Наместо тоа, едноставно го оставам романот и се посветувам на други проекти. Пишувам есеи, кратки приказни или работам на документарна книга. Кога ќе ми здосадат овие работи, и повторно ќе ги наполнам батериите, тогаш ми е полесно да пишувам“.

Мозокот работи на мистериозен начин. Се повлекува, пронаоѓа други проекти и активно игнорира друго, па така нашата потсвест создава простор за идеите да растат.

асимов

3. Внимавајте на отпорот


Сите креативци - без разлика дали се претприемачи, писатели или уметници - го знаат стравот од оформување на идеите. Откако ќе донесат нешто во светот, тоа засекогаш останува голо за отфрлање и критики од страна на милиони лути очи.

Овој страв е најголемиот непријател на креативците. Во „The War of Art“, Стивен Пресфилд на овој страв му дава име - „Отпор“.

И на Асимов му бил познат овој отпор:

„Обичниот писател е обврзан да биде мета на несигурност додека пишува. Дали реченицата која ја создал е разумна? Дали е изразен онака како што треба да е? Дали звучи подобро ако би била напишана поинаку? Поради тоа, обичните писатели секогаш ревидираат, сечкаат и менуваат, секогаш се обидуваат да се изразат на различен начин, и никогаш не се задоволни“.

4. Намалете ги стандардите

Асимов е целосно против перфекционизмот. Огромна грешка е ако се обидувате да направите се` како што треба.

„Замислете се себеси како уметник кој создава скица со цел да добие јасна композиција во својот ум - блоковите на боја, рамнотежата и останатото. Со тоа направено, можете да се погрижите за финесите“.

Не се обидувајте да ја нацртате Мона Лиза уште на почеток. Намалете ги стандардите. Направете тест на производот, направете скица или груб нацрт.

„Писателот не може да се сомнева во квалитетот на неговото пишување. Наместо тоа, тој мора да го сака своето пишување. Јас го сакам“.

Верувајте во вашите креации. Ова не значи дека уште на почеток треба да го направите најдоброто што можете. Вистинската доверба е во туркањето граници, очајниот неуспех и силата да се обидете повторно да успеете.

Некогаш не успеваме. Поради тоа се бориме - ова е причината зошто на крај успеваме.

5. Создадете повеќе работи

Асимов препорачува да правите повеќе работи како лек за перфекционизмот.

„До моментот кога книгата треба да биде објавена, писателот нема многу време да се грижи за тоа како ќе биде прифатена или како ќе се продава. До тогаш тој веќе продал неколку и започнал да работи на другите, така што сега тие го засегаат. Ова го зајакнува мирот и смиреноста во животот“.


Ако имате нов производ на секои неколку недели, едноставно немате време да се задржите на неуспехот.

6. Тајниот „сос“

Во една прилика, пријател на Асимов го запрашал: „Од каде ги добиваш твоите идеи?“

Асимов одговорил:

„Со размислување и размислување и размислување се` до моментот кога сум подготвен да се убијам себеси. Дали си помисли дека е лесно да се добие добра идеја?“

Многу ноќи Асимов ги поминал сам со својот ум:

„Не можев да спијам минатата ноќ па затоа лежев буден размислувајќи за дело така што размислува и плачев на тажните делови. Имав прекрасна вечер“.

Никој не рече дека доаѓањето на идеите ќе биде лесно.

Ако беше лесно, немаше да биде вредно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура