X
 22.01.2019 Култура

Доналд Трамп со две номинации за „Златна малина“

Номинациите за „Златна малина“ – „признанијата“ за најлоши филмски достигнувања во годината, се официјално објавени. Во веројатно најнепријатната категорија – онаа за најлош филм, ќе се натпреваруваат пет проекти: биографскиот „Готи“ со Џон Траволта, комедиите „Среќни убијци“ и „Холмс и Вотсон“, засега последната екранизација на „Робин Худ“ (со Тарон Еџертон и Џејми Фокс) и хоророт „Винчестер“.

Номинирани за најлоша женска улога се Џенифер Гарнер, Амбер Хард, Мелиса Мекарти, Аманда Сејфрид и Хелен Мирен. Kај мажите битката ќе биде меѓу Џони Деп, Вил Фарел, Џон Траволта, Брус Вилис и Доналд Трамп.

Американскиот претседател е „удостоен“ со две номинации за „Златна малина“ – за улогата на себеси во филмовите „Смртта на една нација“ и „Фаренхајт 11/9″ на режисерот Мајкл Мур, како и во категоријата најлоша филмска двојка. Неговата сопруга Меланија Трамп, исто така, е номинирана за најлоша споредна женска улога, исто така за филмот на Мур.

Овогодишното 39. издание на „Златна малина“ ќе се одржи на 23 февруари, традиционално – ден пред „Оскарите“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура