X
 22.01.2019 Живот

ЕУ сѐ уште без консензус за сезонското сметање на времето

Европратениците вчера не постигнаа согласност за начинот на кој ќе треба да ѝ се стави крај на сезонската промена на пресметување на времето.

Предлогот за овој комплексен зафат дојде од Европската комисија минатата година. Известувачот во Европскиот парламент, Марита Улвског, е на истата линија со ЕК, но таа смета дека промените треба да почнат по две години откако ќе стапи во сила директивата на ЕК, додека ЕК сметаше дека веќе оваа година треба да им се стави крај на овие промени.

Улвског смета дека треба да им се даде доволно време на компаниите, особено во транспортот, да се приспособат.

Разлики постојат и околу референтното време, едните оценуваат дека треба да се одреди летното време, други претпочитаат зимско. Некои европратеници сѐ уште се против какви било измени во пресметувањето на времето во ЕУ.

На министерско ниво во декември 2018 исто така не беше постигната согласност по овие прашања од страна на земјите-членки.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот