X
 28.05.2016 Култура

Магични зборови поважни од "те молам" и "благодарам"

зборови

 

Вчера отидовме на прошетка и поминавме низ лизгалиштето каде се лизгаа млади деца. Тие изгледаа толку добро што мојата ќерка не можеше да ги тргне очите од нив. Таа ги гледаше како лизгаат и не сакаше да си оди.


Гледаше во нив долго време, размислувајќи како би било кога и таа би знаела да лизга меѓутоа постоеја доста предизвици. Прво, таа има само 2 и пол години, такашто немаше ни соодветен број лизгалки за неа, јас имав доста работа, а лизгалиштето затвораше за 20 минути. Но таа навистина сакаше да се обиде да лизга, па затоа ѝ реков: „Ајде да се обидеме!“.

Ги зедовме најмалите лизгалки, ги врзавме силно и отидовме на лизгалиштето. Нејзините малечки нозе не ја слушаа: постојано се влечкаа. Нормално, таа се однесуваше онака како што треба да се однесува една личност кога за прв пат се обидува да лизга. После 20 минути, лизгалиштето требаше да затвори. И секако, мојата ќерка беше разочарана. Но, беше уште поимпресионирана и поинспирирана од фактот што се обиде да лизга.

Ги пронајдовме овие магични зборови кога нашиот син имаше една година. Кога мојот сопруг за прв пат ги изговори, се чинеше како да отвори вечен универзум на експерименти за нас.

„Тато, ајде да се обидеме да ги измешаме сите бои со нашите раце!“.

Или: „Мама сакам да ти помогнам да направиш супа“. Жешка супа со остар нож... се разбира, полесно ми беше да ја направам самата, но таа настојуваше: „Сакам да ти помогнам. Ајде да се обидеме!“. И зошто да не? После неколку пати обиди, таа сега навистина ми помага кога правам супа. Нејзините одговорности се да ги исече компирите и да ги излупи морковите. Секако, не го прави тоа толку брзо колку што го правам јас, и не го прави совршено. И секако дека стојам до неа и по стоти пат ѝ кажувам да ги трга прстињата. Но, најважно е тоа што се обидуваме и сето тоа функционира.

Децата едноставно се радуваат на моментите: „Ајде да се обидеме!“  И се чини дека тоа е и суштината на детството: да се обидуваат, да бидат љубопитни, да пробаат се' што ќе им дојде на ум без да мислат на последиците. Но оваа вештина е добра дури и за возрасните: ни помага да се ослободиме себеси од прекумрените одговорности, да се гледаме едни со други и да одговориме на новите авантури. Дури и да не успееме првио пат, можеме само да се насмееме.

Магијата е да ги правиме новите работи заедно, да се поддржуваме едни со други и да експериментираме. Ние сме подготвени за едноставниот факт дека нема да успееме уште првиот пат. Не ризикуваме, само се обидуваме.

„Ајде да се обидеме!“ - тоа е приказна за ралнивоста. Звучи како: „Не знам што ќе се случи, не знам како да го направам, не сум одговорна за резултатот“ но искрено сакам заедно да влеземе во нешто непознато и да направиме да се случат неверојатни нешта. Исто така тоа е убава фраза која ни помага да го пронајдеме патот до најтешките и најкомплицираните врски. „Збунет/а сум. Ајде да се обидеме да разговараме“ или „Поминувам низ потешкотии, ајде да се обидеме други начини“.

Зошто да не? Ајде да се обидеме!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура