X
 22.01.2019 Живот

Најважниот „10-годишен предизвик“: Колку се промени нашиот свет од 2009 година

Последниве денови на социјалните мрежи се појави 10-годишен предизвик (10 year challenge), па луѓето објавуваат свои стари фотографии и ги споредуваат со новите, од 2019 година. Но, некои луѓе одлучија да го искористат овој вирален хит за да предупредат на многу важен проблем - климатските промени.

Разни групи и борци за заштита на природата го искористија овој предизвик за да покажат колку некои делови од Земјата се промениле во последната деценија и да испратат порака дека мора веднаш да се дејствува!

„Гринпис“ на „Инстаграм“ објави фотографии од амазонските прашуми, друг инстаграм-профил сподели фотографија од коралните гребени, а се приклучи и Леонардо ди Каприо, кој објави фотографии од Арктикот и од уништувањето на шумите.





-10-годишен предизвик што е навистина важен - пишува на фотографиите.

Инаку, неодамна милијардерот Ричард Бренсон со неколку истражувачи со подморница нурнал во Големата сина дупка во Белизе и се изненадил од тоа што го пронашол таму - пластични шишиња.

- Тоа беше еден од најсилните потсетници за опасноста од климатските промени што некогаш сум ги видел. Моите внуци до 2050 година ќе бидат во своите триесетти години од животот. Не сакам да пораснат во свет без корални гребени и другите чуда на океанот - заклучува Бренсон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот