X
 20.09.2018 Живот

Фотографии што ја прикажуваат штетата на бреговите на Северна Каролина по ураганот „Флоренс“

Фотографии направени од воздух го прикажуваат хаосот што ураганот „Флоренс“ го остави зад себе на бреговите на Северна Каролина. Фотографиите се направени од авиони опремени со камери и тие се важни за проценување на штетата и организирање на помошта која е потребна.

Последните фотографии се направени во вторник, по ураганот, а првите фотографии се од 2014 година. На една фотографија може да се види како најјужните делови од главниот автопат во Топсејл Бич, „Андерсон булевард“, сè уште се покриени со темна вода. „Оушн булевард“, една од споредните улици, е целосно покриена со песок.

Некои докови останаа без греди и сега таму може да се видат само нивните столбови. Многу куќи на островот останаа без ќерамиди, кои беа однесени од ветровите.

На друга фотографија може да се види како црн асфалт обиколува комплекс од осум згради, а на фотографија направена по ураганот јасно се гледа дека паркингот сега е покриен со песок.

Фото: CNN

Фото: CNN

Плажата пред комплексот згради изгледа како да е преполовена. Повеќе од една милја од патот кој е најблиску до плажата е речиси целосно покриен со песок, а тоа не е единствен случај кога станува збор за патиштата.

Фото: CNN

Фото: CNN

Поради надоаѓањето на бурата исчезнаа многу плажи од крајбрежните острови. Пред бурата американската метеоролошка служба предупреди дека надоаѓањето ќе донесе екстремна ерозија на плажите со значајни загуби на дини.

Покрај крајбрежните острови песочниот брег е значително потенок.

Фото: CNN

Фото: CNN

Северниот дел од заливчето Њу Ривер е драстично изменет по ураганот „Флоренс“.

Фото: CNN

Фото: CNN

Исто така, северниот дел од заливчето Њу Топсејл е драстично помал отколку што бил во 2014 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот