X
 22.02.2017 Живот

Што крие тајниот живот на Амишите?

Таинствените американски Амиши ја отфрлаат модерната технологија и ги преферираат напорната работа, семејството и религијата. Затоа и се многу интересни сведоштвата на луѓето кои го опишуваат начинот на живот и обичаите во амишката заедница.

Ели, кој за себе вели дека е покрстен припадник на заедницата, раскажува: „Ние, Амишите, не се оддаваме на таков начин на живот сè додека не наполниме 21 година, кога носиме одлука дали ќе се откажеме од автомобили, секс и ќе ѝ се приклучиме на црквата или пак ќе продолжиме со неморален живот надвор од заедницата“, пренесува британскиот Sun.


Фото: Pixabay

Амишите се протестанти со швајцарски корени, а познати се по својот традиционален живот. Меѓутоа, тие на младината им дозволуваат излегување  надвор од заедницата за да можат да го видат надворешниот свет пред дефинитивно да го прифатат амишкиот начин на живот. Тој период го нарекуваат rumspring и тогаш е нормално младите да ги искусат сите земни пороци: алкохол, дрога, луди забави, кои неретко носат и судир со законот.

Ели потсетува на еден напис во Вашингтон пост, каде беше нотирана заплена на дрога најдена кај двајца млади Амиши, со обвинение дека купувале кокаин и дрогата ја дистрибуирале на младите во амишката заедница.

Минатата година полицијата морала да интервенира на една забава во Охајо, по што биле уапсени повеќе од 70 луѓе, а двајца завршиле во болница заради алкохолно труење.

Во 2014 година, американската ДЕА фатила група поврзана со мексиканските менонити, блиски идеолошки роднини на Амишите, заради обид за шверц на кокаин и марихуана кон Канада.

Ебигејл, која за себе вели дека е припадничка на менонитите од Охајо,тврди  дека воопшто не е конзервативно воспитувана. На некои менонити многу работи им се дозволуваат, но признава дека постојат проблеми со дрогата. „Амишката младина има големи проблеми со употребата на дрога. Тие организираат големи забави на кои доаѓаат многу луѓе кои потоа се опуштаат и се препуштаат на дрога и алкохол“, раскажува таа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот