Зошто алкохолот е легален во многу земји, а, на пример, марихуаната и кокаинот не се? Ова прашање неодамна беше дискутирано од независната организација Глобална комисија за политика за дроги, чии членови се многу познати научници и поранешни претседатели, и беше заклучено дека сегашната класификација на психоактивни супстанции е погрешна и дека, како таква, придонела за глобалниот проблем со дрогата.
Имено, според извештајот на оваа организација, психоактивните супстанции треба да се распределат според нивниот потенцијал да создадат зависност и да направат штета, што сега не е случај. Денес, легално се достапни оние супстанции што се сметаат за корисни (како лекови) или културно прифатените (како алкохолот), додека сите други практично се во ист кош, се сметаат за деструктивни и се строго
забранети.
Лош систем на класификација
Комисијата го обвинува системот за класификација на дроги на ОН, кој сортира околу 300 психоактивни супстанции според нивната штетност и придобивки и во кој дрогите автоматски се ставаат во најопасната категорија без никакви очигледни медицински придобивки и се подложени на строги законски казни, без оглед на тоа дали тие претставуваат реален ризик за здравјето или не.
Во својот извештај комисијата презентира некои други категоризации на психоактивните супстанции кои не се фокусирани само на медицинските влијанија или традиционално прифатената употреба на опиоиди. Така, на овие листи алкохолот е често на врвот на списокот со најопасни психоактивни супстанции, што делумно е резултат на неговата широка употреба, но и затоа што неговата употреба предизвикува најголема штета за другите, односно општественото опкружување на корисникот.
Комисијата смета дека правилната класификација на дрогите е клучна за решавање на проблемите со зависностите во светот. Ги повикува владите да се осигурат дека психоактивните супстанции се категоризираат прагматично врз основа на научни сознанија и докази, бидејќи само таков модел ќе овозможи конструктивни законски рамки за контрола на дрогите.
Најопасен е алкохолот
Според рангирањето објавено во извештајот на Глобалната комисија, но и во добро познатото медицинско списание „Лансет“, алкохолот се најде на првото место на листата со најопасните опијати. Тој е помалку опасен за корисниците од хероинот и кокаинот, но е најштетен за нивните семејства и околината.
Ова би бил точниот редослед на штетност ако се земат предвид сите горенаведени фактори (влијание врз здравјето, смртност, влијание врз семејството и околината, економско влијание и сл.):
1. алкохол;
2. хероин;
3. крек кокаин;
4. метамфетамин;
5. кокаин;
6. тутун;
7. амфетамин;
8. канабис;
9. гама-хидроксибутерна киселина;
10. бензодиазепин;
11. кетамин;
12. метадон;
13. мефедрон
14. бутан
15. анаболички стероид;
16. кат (Catha edulis)
17. екстази;
18. ЛСД.