X
 25.12.2019 Наука

Лекари им даваат ЛСД на пациенти со Алцхајмерова болест за да го испитаат влијанието

Лекари им дале ЛСД на речиси 50 постари пациенти кај кои била дијагностицирана Алцхајмерова болест за да видат дали психоделичната дрога има некакво влијание врз нивното сфаќање или баланс.

Психоделичните дроги, како ЛСД, се жешка тема меѓу медицинските истражувачи. Одредени студии посочуваат дека дрогата може да помогне во лекувањето на состојби како зависност од алкохол и депресија. Новата студија не покажала знаци дека ЛСД ги подобрила когнитивните вештини на пациентите со Алцхајмерова болест, но овозможила докази дека микродозирањето на психоделични дроги не прави ни штета.

Тоа се добри вести. Студијата, која минатата недела беше објавена во списанието „Сајкофармаколоџи“, е само фаза 1 клиничко испитување. Тоа значи дека било фокусирано многу повеќе на безбедноста отколку на ефикасноста - преку докажување дека ЛСД не ги повредило учесниците-волонтери, лекарите може да продолжат со следната фаза на студии, кои се насочени кон идентификување на когнитивните бенефити - ако воопшто има некои од микродозирањето со ЛСД.

Врз основа на нивните резултати, медицинските истражувачи што стојат зад студијата се сомневаат дека третманите со ЛСД може да бидат превенција или третман за воспаление на мозокот, со што ќе го забавуваат или прекинат когнитивното назадување кај пациентите со Алцхајмерова болест и други форми на нервно влошување.

- Студијата ја отвора вратата за клинички испитувања од повисок степен за да се проценат потенцијалните терапевтски ефекти на ЛСД - истакна Робин Кархарт-Харис, челник на Центарот за психоделични истражувања при „Империјал колеџ“ во Лондон.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука