X
 05.09.2019 Здравје

Само 5 алкохолни пијалаци неделно може да ви го скратат животот

Пиењето пет алкохолни пијалаци неделно може да доведе до рана смрт, тврдат научниците.

Пиењето само 100 грама алкохол неделно - што е еднакво на пет чаши вино - го зголемува ризикот од смртност, покажува студија објавена во медицинското списание „Лансет“.

Истражувањето во чии рамки биле анализирани 600.000 лица од 19 земји покажало дека оние што пијат повеќе имаат поголеми шанси да добијат мозочен удар, инфаркт и проширени крвни садови.

Пиењето меѓу 200 и 350 грама алкохол неделно - што е приближно 10 до 18 чаши вино - би можело да му го скрати животот на просечно лице за една до две години, стои во студијата.

Во истражувањето е заклучено дека граничните вредности за внес на алкохол би требало да бидат пониски од повеќето официјални препораки низ светот.

Обединетото Кралство неодамна претстави нови препораки и им порача на луѓето да не пијат повеќе од еквивалент на 6 чаши вино секоја недела.

Од друга страна, препораките на Центарот за контрола и превенција на болести се дека жените можат да пијат до еден алкохолен пијалак дневно, додека мажите два.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје