X
 22.02.2019 Живот

Затворен аеродром поради 2 см снег

Зимска бура донесе ретко видени снежни врнежи во Лас Вегас и во Лос Анџелес.

На аеродромот во Лас Вегас е забележана снежна покривка од 2 сантиметри. Тоа е прв случај од 2008 година снегот да се задржи во градот.

Откажани се 100 лета бидејќи аеродромот во градот на коцката нема механизација за чистење снег.

Проблеми со транспортот има и во Лос Анџелес. Снегот ја покри пустината околу градот и ги направи лизгави патишта, кои се познати по големите сообраќајни метежи. Ова доведе до уште побавен проток на сообраќајот.

Неколку планински премини северно од Лос Анџелес беа затворени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот