X
 28.01.2022 Живот

Уметник поминал 4 часа „цртајќи“ огромна лисица на замрзнато езеро

Во последните шест години финскиот архитект-дизајнер Паси Видгрен спроведува посебна зимска традиција. Секоја зима тој патува до езерото Питкајарви, блиску до неговиот роден град Лахти, и создава епски цртеж на снегот. Оваа година тој се почувствува инспириран да „нацрта“ лисица користејќи ги само своите стапала и лопата за снег. Крајниот резултат е изненадувачки реалистично, ефемерно парче снежна уметност.

Видгрен почнал да ги создава своите цртежи од снег во 2016 година. Тој го создаде својот најнов цртеж на почетокот од декември 2021 година, инспириран да продолжи да ја црта лисицата и оваа година. За околу четири часа, цртежот долг 89 метри беше завршен и тој ја фотографира својата работа.

1

Но, како се црта на снегот? Во овој случај Видгрен ја скицирал контурата со одење. Потоа, остатокот го „нацртал“ со лопата за снег. Се разбира, пред да почне, го тестирал мразот за да се увери дека е доволно цврст за да ја издржи неговата тежина. Но, како безбедносна мерка, Видгрен носел и ледени шила во случај да пропадне и да треба да се спаси.

2

За среќа, ништо од тоа не било потребно и Видгрен немал проблеми со создавањето на цртежот. Иако цртежот станал помалку видлив неколку дена подоцна поради новите снежни врнежи, сето тоа е дел од планот на Видгрен бидејќи за него е важно да работи така што нема да остави трајно влијание врз животната средина.

3

Сега, неговата традиција стана нешто што треба да се очекува за сите во областа.

5

- Сакам да ги направам луѓето среќни и да ги охрабрам да одат да пешачат во прекрасна природа - вели уметникот.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Pasi Widgren
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот