X
 24.01.2022 Живот

„Глечер експрес“ - најубавото возење со воз во светот

Возењето со воз може да биде најшармантниот начин за патување - и меѓу многуте фасцинантни, живописни возења со воз во светот, едно може да биде најживописното досега: 8-часовното возење со „Глечер експрес“ во Швајцарија, кое поминува низ планините и шумите на прекрасните швајцарски Алпи.

Понекогаш наречен „најбавниот експресен воз во светот“, „Глечер експрес“ го става акцентот на патувањето, а не само на дестинацијата. Станува збор за специјален, панорамски туристички воз кој ги поврзува познатите планински одморалишта Сент Мориц и Цермат директно и без застанувања, во непречено патување низ највозбудливите швајцарски пејзажи кое трае околу 8 часа, поминувајќи 291 км.


„Глечер експрес“ инвестира во удобноста и технологијата, промовирајќи единствено искуство со воз за туристите и патниците. Панорамските приколки (всушност екстра-панорамски) имаат големи прозорци од подот до таванот кои нудат уникатен и непречен поглед на најубавите пејзажи во Швајцарија, од Енгадин до Матерхорн.

Оброците се служат на седиштето и целосно се подготвуваат во кујната на „Експрес“, а се служат стратешки во текот на целото патување. Ручек, слатки, вина и кафе се достапни, а планот за храна може да се набави заедно со секој билет.

Маршрутата

„Глечер експрес“ минува низ Швајцарија во едно од најсценските патувања низ алпската земја. Го напушта ексклузивниот и елегантен Сент Мориц (или обратно, се разбира!), набрзо стигнувајќи до алпската долина Енгадин, регион со бујни зелени полиња и блескави езера.


Возот потоа поминува низ тунелот Албула кај преминот Албула, еден од највисоките тунели во Швајцарија на 1.815 метри надморска височина. Тоа е еден од 91 тунели што „Експрес“ ги минува додека вози. Исто така, возот поминува и 291 мост.

Станува збор за 8-часовно патување низ ридови, планини и шуми. Исто како да патувате низ разгледница на Алпите.


Како да патувате со „Глечер експрес“?

За патување со овој воз потребни се резервации. Возот може да тргне од Сент Мориц кон Цермат или обратно. Истата маршрута може да се вози и со редовните локални возови, без панорамски приколки и со повеќе застанувања на патот.

Цените на билетите зависат од маршрутата што патниците ќе ја изберат; класично возење од Сент Мориц до Цермат е 152 евра во втора класа и 268 евра во прва класа. Надоместокот за резервација може да биде од 49 до 420 евра.


Извор: The Travel
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот