X
 22.02.2020 Забава

Колкава заработка им донесе „Бејби шарк“ на креаторите?

Песната „Бејби шарк“ се наоѓа речиси на сите листи со најгледани видеа на „Јутјуб“. Таа не е музичко ремек-дело, но е премногу заразна и затоа го освои светот. Видеото објавено од каналот „Пинкфонг“ било прегледано неверојатни 4,6 милијарди пати. 

Постојат над 100 верзии од песната објавени на истиот канал. Оригиналната била објавена во ноември 2015, околу 7 месеци пред објавувањето на верзијата што стана најпопуларна. Компанијата што стои зад каналот е „Смартстади“. Благодарение на успехот на песната, компанијата успеа и да договори снимање на детска серија и да продава брендирана облека и играчки.

Колкава е нејзината заработка?

Тешко е да се пресмета, но се претпоставува дека популарното видео од прегледите на „Јутјуб“ донело заработка од 7 до 14 милиони долари. Згора на тоа, песната се продава и на други музички платформи. Освен тоа, песната привлекла голем број корисници што се претплатиле на каналот и ги следат неговите содржини. Каналот има 1 милион нови претплатници секој месец.


Фото: Јутјуб

Кога станува збор за компанијата и нејзината заработка, нејзините приходи во 2015 година изнесувале 8,5 милиони долари. Следната година, кога „Бејби шарк“ стана позната, приходите ѝ пораснале на над 15 милиони долари. Во 2018 тие изнесувале 34,3 милиони, а се претпоставува дека пораснале на над 45 милиони долари во 2019 година.

Акциите на компанијата, како и на нејзината мајка-компанија „Самсунг паблишинг“, исто така растат. Се смета дека акциите што ги поседуваат сопствениците на компаниите се вредни над 100 милиони долари.



Интересно е тоа што компанијата не ги поседува правата за песната врз која е направена популарната верзија „Бејби шарк“. Впрочем, никој не ги поседува бидејќи не се знае кој е авторот. Стари песни од Франција и од Германија се споменуваат како изворни, но ниту една од нив нема очигледна сличност со популарната модерна верзија.

Извор: Todayifoundout.com

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава