X
 22.02.2022 Живот

Како од бајките - австриско гратче што ќе ве освои

Кога ќе стапнете во гратчето Халштат, ќе помислите дека ќе почне да свири музика од цртан филм.

Ќе бидете опкружени со црвеникави и жолти куќи кои ја задржале архитектурата од 16 век, а доколку се најдете таму во пролет или лето, куќите се покриени со шарени цвеќиња и бршлен. Улиците со калдрма се полни со шармантни кафулиња, алпски гостилници и цркви.

Природата била дарежлива кон овој дел од Австрија, така што на секој агол ве чека сцена што ќе сакате да ја фотографирате. Опкружено со Алпите на самиот брег на езерото, гратчето навистина го заслужува прекарот најчесто употребуван во туристичките брошури - гратче од бајките.

1
Фото: Pixabay

Најдобро е да се посети во октомври додека времето е погодно за пешачење, а бројот на туристи се намалува.

Истражете еден од најстарите рудници за сол во светот


Салцвелтен се рудници за сол во близина на ова гратче, кои се под заштита на УНЕСКО. Истражувачите велат дека тие биле користени во некаква форма уште во праисторијата, најверојатно уште во 4000 година пр.н.е.

Формирани од испарувањето на морето пред повеќе од 250 милиони години, наслојките од сол ги донеле првите жители на ова место. Местото било основано благодарение на рудникот и станало многу богато, што придонело за неговиот развој.

2
Фото: Pixabay

Во 1311 година Халштат станал трговски град, а во 1595 година бил изграден цевковод долг 40 километри за транспорт на сол до Ебензе. До 1890 година, кога бил изграден првпат, до Халштат можело да се стигне само со брод или по стрмни патеки.

Посетете ја куќата од коски

На чекор подалеку од ова гратче ќе видите како жителите им оддале почит на своите предци.

3
Фото: Pixabay

Недостигот на простор на малите, преполни гробишта во гратчето бил проблем за жителите на почетокот од 17 век. Селаните почнале да ги откопуваат коските на најблиските, а потоа ги чистеле и ги обојувале.

4
Фото: Instagram

Мотивите на черепите имаат симболика: дабовите листови симболизираат слава, ловровите листови - победа, бршленот - живот, розата - љубов. Иако проблемот на крајот бил решен со воведување кремирање, граѓаните сепак можеле да изберат некој од нивните блиски покојни лица да се најде во оваа гробница.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот