X
 18.12.2020 Живот

Магично германско гратче во шума во кое сите куќи се исти

Дали некогаш сте слушнале за Фројденберг? Веројатно не, ниту пак сте помислиле да го посетите како дестинација за патување. Подгответе се бидејќи ова скриено германско гратче е навистина прекрасно.

Каде се наоѓа?


Фројденберг се наоѓа на западот на Германија, на подрачјето на сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија. Се наоѓа во близина на поголемите градови Келн, Дортмун и Бон, кои се оддалечени на само еден час возење. Гратчето лежи во ридско подрачје, помеѓу 240 и 505 метри надморска височина. Целото негово подрачје зазема 54 квадратни километри, а од тоа две третини се шуми.


Зошто гратчето е толку посебно?

Гратчето е познато по својата специфична и автентична архитектура. Имено, сите негови куќи од 17 век, кои се 80 на број, изгледаат исто и се посебни по начинот на градење. Веднаш ќе ја забележите црно-белата фасада и вкрстените греди што на ова место му ја даваат посебноста. Најдобро време за посета е есен или зима. Тогаш градот изгледа уште помагично, особено кога снегот ги украсува покривите на куќите.

Вистинска инстаграм-ѕвезда

Токму овие зимски фотографии го направија вистинска инстаграм-ѕвезда. Случаен пост на „Инстаграм“ го извлече овој град од мракот. Денес, сè поголем број луѓе бараат нешто различно, нешто што е посебно и нешто што сè уште го немаат видено или посетено. Фројденберг остава таков ефект. Градските власти го препознаа туристичкиот потенцијал на овој град, па затоа ќе го реновираат градскиот парк Курпарк.


Како да го поминете времето во Фројденберг?

Покрај истражувањето на самиот град, добро е да ги посетите градскиот музеј на технологија и локалните патеки за пешачење.

Каде е најдобро да се престојува?



Се препорачува да престојувате во некој поголем град што е на еден час оддалечен од Фројденберг. Ако сакате да останете во срцето на градот и планирате романтично бегство за двајца, најдобро е да одите во хотелот „Алштад“, кој е оддалечен само 350 метри од центарот. Самиот хотел се наоѓа во една од интересните куќички.

Извор: B92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот