Хотелската соба „Дип слип“ (Deep sleep), што во превод од англиски јазик значи „длабок сон“, навистина се наоѓа многу длабоко. Таа се наоѓа дури 420 метри под површината на земјата во поранешен рудник во Велс.
Собата изгледа импресивно, но до неа не може да стигне секој. Потребен е еден час за да се спуштите до неа, а притоа треба да носите заштитна опрема. За да се стигне до собата, прво се пешачи 45 минути на планина. Потоа гостите земаат заштитна опрема и влегуваат во поранешниот рудник. Со гостите патува и придружба, а за време на патувањето гостите се информираат за историјата на локацијата.
Самата соба е заштитена со челични врати. Откако ќе влезат, гостите добиваат топол пијалак и топла храна за да се опуштат пред да спијат. Ова искуство го нуди фирмата „Гоу билоу“, која е специјализирана за патнички излети.
Интересно е што хотелската соба е самоодржлива, односно електричната струја и интернетот се напојуваат со батерии кои се полнат со мали хидроелектрани во рудникот.
Извор:
Green
Насловна фотографија:
Deep sleep