Еве што е најдобро од полето на литературата за 2017 година досега.
„Homesick for Another World“, Отсеса Мошфег - Ликовите во оваа колекција на приказни се наоѓаат во вистинската состојба на епифанија што сите ја чекаме.
„Тhe Idiot“, Елиф Батуман - Колку полошо било за тинејџерите кои живееле во средните 90-ти кога мејлот беше нешто ново? Во нејзиниот прв роман, Батуман, навлегува длабоко, со одличен комичен ефект.
„Тhe Invention of Angela Carter“, Едмунд Гордон - Анџела Картер ја промени англофонската литература, го оживеа готскиот стил и пионерскиот магичен реализам, пред да почине многу рано во 1992 година на 51 годишна возраст. Биографијата од Гордон ѝ овозможува на Анџела да биде претставена како незаборавен лик.
„Priestdaddy“, Патриша Локвуд - Мемоари на поет кој се враќа дома како 20 годишен бегалец. Ова е ретка книга која се движи од духовити настани до настани кои го кршат срцето, од страница до страница.
"The schooldays", Џ. М. Куци - Вториот том во проектираната трилогија на Нобеловиот лауреат за бегалците кои ги губат сеќавањата во чудна шпанска земја. Книгата е школо за Достоевски, Бах и Платон.
„So Much Blue“, Персивал Еверт - Три заплети од животот на циничен уметник се испреплетуваат во овој елегантен и прогонувачки роман кој се движи од Род Ајленд до Ел Салвадор и преку медитациите за војна, љубов, семејство и уметност.
„South and West“, Џоан Дидион - Двете задачи на Дидион од 1970 година - да пишува за Мексиканскиот залив и за судењето на Пати Херст никогаш не биле објавени, но белешките на овие проекти собрани тука се истовремено фасцинантни историски документи кои ги откриваат одличните методи на писателот.
„Void Star“, Захари Мејсон - Визија од иднината полна со беспилотни суштества, вештачка интелигенција, зголемување на нивото на морето и опустошен пченкарен појас - романот на Мејсон е најголемата целебрална и застрашувачка дистопија.
„Wait Till You See Me Dance“, Деб Олин Унферт - Вреди и само поради самиот наслов.
„White Tears“, Хари Кунзру - Она што започнува како приказна за музика и пријателство, се движи во незгодно подрачје на
културно присвојување, пред да стане призрачна приказна а срамот на американската историја.