X
 30.08.2022 Наука

Откриени остатоци од огромен диносаурус во двор во Португалија

Во приватна градина во Португалија биле откриени остатоци од диносаурус кој би можел да биде најголемиот диносаурус откриен во Европа.

Фосилите биле откриени во градот Помбал во 2017 година, кога жител започнал градежни активности на неговата куќа.

Остатоците се од видот сауропод, кој бил најголемиот диносаурус што живеел на Земјата. Овие диносауруси имале долг врат и опашка, јаделе растенија и се движеле на четири нозе.


Фото: University of Lisbon

Овој месец палеонтолози од Португалија и од Шпанија ископале делови од 'рбетот и ребрата на диносаурусот, според кои било пресметано дека животното било високо околу 12 метри, а долго 25 метри. Се проценува дека коските се стари околу 150 милиони години.

Палеонтолозите што работат на ископувањето се надеваат дека имаат уште за откривање бидејќи скелетот е во релативно недопрена состојба.

Извор: BBC
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука