X
 07.09.2017 Култура

Студенти пронашле временска капсула од 1915 година


Студентите со откриената капсула
(Фото: Twitter)


Три студенти од Универзитетот во Бостон пронашле временска капсула стара повеќе од 100 години, која содржела повеќе предмети, вклучувајќи и весник од 1915 година.

Ема Партел, Сара Манки и Адам Мамфорд откриле капсула кога сортирале кутии со документи во текот на својата летна работа на Универзитетот. Во текот на средувањето забележале и една бакарна кутија со големина на тостер.

„Прво што ми помина низ главата беше – ова е временска капсула“, изјави Партел. Временската капсула датира од јуни 1915 година, кога почнала изградбата на магацин за оружје за Националната гарда на Масачусетс.

Наводно кутијата била откопана во 2002 година, кога магацинот бил срушен заради изградба на студентски комплекс, но била заборавена во наредните 15 години.

Во капсулата биле пронајдени многу предмети – примерок од  Прирачникот на Општиот суд во Масачусетс од 1914 година, бостонски весник од  1915, неколку монети, мапа од тогаш новоизградената подземна железница, како и документ кој изгледа како барање за изградба на арсенал.

„Неверојатно е во колку добра состојба се некои од овие предмети, имајќи предвид дека се стари над 100 години“, изјави Мамфорд.

Универзитетот сега се обидува, во соработка со Националната гарда, да пронајде начин за чување на временската капсула и нејзината содржина.

„Навистина сме среќни што ова го откривме пред крајот на нашиот проект. На почетокот мислевме дека нема шанса да ги средиме сите кутии“, рече Партел, а нејзиниот колега Мамфорд  одаде дека ова откритие е како шлаг на торта, награда за вложениот напор и работа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура