Милиони луѓе и понатаму користат лесни лозинки на чувствителни профили и сметки, покажува едно истражување.
Анализата на Националната сајбер-безбедносна централа на Обединетото Кралство откри дека „123456“ и понатаму е најкористената лозинка на голем дел од хакнатите профили.
Истражувањето помогна да се откријат празнините во сајбер-знаењето што би можело да ги стави луѓето во опасност да бидат експлоатирани. Централата вели дека луѓето треба да се одлучуваат за три „рандом“ зборови што лесно се паметат како силна лозинка.
За својата прва сајбер-анкета Националната сајбер-безбедносна централа ги анализирала јавните бази на податоци за хакирани профили за да види кои зборови и фрази ги користеле луѓето.
На врвот на листата беше „123456“, појавувајќи се на повеќе од 23 милиони лозинки. Втората најпопуларна низа на броеви беше „123456789“, додека во топ-петте се наоѓаат „qwerty“, „password“ и „1111111“.
Најчестото име што се користи како лозинка е Ешли, а веднаш по него Мајкл, Даниел, Џесика и Чарли. Освен тоа, популарни се и лозинките „Liverpool“ и „Chelsea“. „Blink-182“ се најде на врвот на лозинки инспирирани од музиката.
Луѓето што користат познати зборови или имиња за лозинка се ставаат во поголем ризик да бидат хакирани, вели д-р Ијан Леви, технички директор во Националната сајбер-безбедносната централа.
Исто така, централата ги преиспитала луѓето за нивните навики и стравови за нивната безбедност и откри дека 42 отсто очекуваат дека ќе им бидат украдени пари во онлајн-измама, а само 15 отсто изјавиле дека се чувствуваат самоуверено дека знаат доволно за да се заштитат себеси онлајн.
Истражувањето откри и дека помалку од половина од испитаниците користеле посебна лозинка која тешко може да се погоди за нивната е-пошта.
Експертот за безбедност Трој Хант, која одржува база на податоци за хакираните податоци на профилите, вели дека изборот на добра лозинка е најголемата контрола на луѓето врз нивната онлајн-безбедност.
- Овозможувајќи им на луѓето да знаат кои
лозинки се широко користени, треба да се поттикнат корисниците да направат подобар избор - вели тој.