X
 07.03.2019 Технологија

26,2 терабити во секунда постигнати со подводен кабел

Подводните кабли се 'рбетот на интернетот. Поврзувајќи места како САД со Европа или Франција со Индија, овие подводни фибер оптички кабли овозможуваат течење на светскиот интернет-сообраќај.

Еден од тие кабли е наречен Мареа. Тој оди од САД до Шпанија. Неодамна компанијата „Инфинера“ објави дека е постигнат нов рекорд во однос на тоа колку податоци може да се пратат преку овој кабел во една секунда. Ви претставуваме сè што сакавте да знаете за подводните кабли и за ова експериментално достигнување, преку бројки.

378 кабли

Тоа е вкупниот број на подводни кабли што моментално се во употреба, според компанијата „Теле Џиографи“, која прави истражувања на телекомуникацискиот пазар. Големите кабли прават клучни спојувања како оние меѓу Њу Џерси и Праја Гранде во Бразил или Австралија со Индонезија и Сингапур. Погледнете ја оваа убава, интерактивна мапа.


Фото: Popular Science

6.600 километри

Должината на кабелот Мареа, со чија помош е постигнат рекордот. Тој е во сопственост на „Фејсбук“, „Мајкрософт“ и „Телксиус“. Во кабелот има осум пара фибер оптика. Секој пар дејствува како поделен пат со сообраќај кој оди во еден правец низ едно влакно и во спротивниот правец преку другото.

4.648.868 килограми

Целиот кабел е многу тежок, а ова му е вкупната тежина. Од „Мајкрософт“ истакнаа дека тежината е иста како онаа на повеќе од 30 сини китови. Тој оди на длабочина од повеќе од 5.180 километри.

33 милисекунди

Времето кое е потребно за фотон светлина да патува низ кабелот од Шпанија до САД или обратно. Светлината патува со различна брзина низ стаклени фибер оптички влакна отколку што патува низ вакуум. Целата поента на праќање светлина низ каблите е да се испрати информација.

26,2 терабити во секунда

Ова е максималниот трансфер на податоци постигнат од стана на „Инфинера“. За да добиете претстава колку брзо е тоа, одете на fast.com и тестирајте ја брзината на конекцијата на вашиот компјутер или телефон. Така, на пример, ако ви покажува брзина од 250 Mbps, тоа значи дека имате интернет со брзина од 0,00025 терабити во секунда.


Мареа, пред да биде ставен под вода
Фото: Popular Science

Како го постигнале овој рекорд?

„Инфинера“ ја прави опремата која ја става светлината во оптичкиот фибер. За да достигнат степен на трансфер од 20 отсто над капацитетот на фиберот, тие направиле две нешта. Прво, имплементирале повеќе бранови должини на еден оптички чип за да може да се стиснат индивидуалните бранови должини поблиску и да се добијат повеќе бранови должини во фиберот.

Така, додека цевката останала иста, тие го зголемиле капацитетот за пренесување податоци во одреден рок.

Интересното нешто во сето ова не е како го направиле, туку потсетувањето како податоците всушност се пренесуваат низ светот, од континент до континент, преку илјадници километри подводни кабли.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија