X
 13.01.2024 Наука

Ако ги имате овие карактеристики, тогаш сте попаметни отколку што мислите

Лесно е да се најдат луѓе што изгледаат попаметни и помудри. Луѓе што се способни да функционираат и во врева и да донесат одлични одлуки. Но, голем дел од луѓето што се паметни се сомневаат во сопствената интелигенција.

Доколку и вие сте таква личност, веројатно сте попаметни отколку што мислите. Во продолжение ви претставуваме неколку карактеристики што ги имаат паметните луѓе.

1. Честопати ги одложувате работите


Иако сите ние одвреме-навреме ги одолжуваме работите, повеќето луѓе претпоставуваат дека одложувањето на нешто важно укажува на недостиг на интелигенција. На крајот на краиштата, паметен потег е да се избегне чекањето до последен момент.

Или не. На пример, Адам Грант смета дека одолжувањето е клуч за иновација. Времето кога Стив Џобс ги одложувал работите и ги разгледувал можностите било добро потрошено време кога добивал повеќе различни идеи, наспроти задоволување со најконвенционалните, најочигледните и најпознатите идеи.

Науката го поддржува ова. Истражување покажало дека луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат тенденција да одолжуваат повеќе само затоа што високата интелигенција го овозможува луксузот на чекање да се започне со некоја задача.

Ако одложите нешто едноставно затоа што не сакате да го правите, тоа е една работа. Но, ако одложите нешто затоа што мислите дека не сте го нашле најдоброто решение, најдобриот пат или најдобрата опција, чекањето да започнете може да е најпаметниот пристап.

2. Сакате да поминувате време сами


Има смисла во тоа паметните луѓе да уживаат да поминуваат време со други паметни луѓе. Но, тоа често не е случај. Истражување објавено во „Бритиш журнал оф псајколоџи“ покажа дека колку повеќе се дружат  интелигентните луѓе, толку се понесреќни.

Зошто? Истражувачите шпекулираат дека една од причините може да биде тоа што колку сте попаметни, толку повеќе би можеле да бидете фокусирани на постигнување долгорочни цели. Ако е така, поминувањето време со пријателите, без разлика колку се паметни, може да биде одвлекување на вниманието, така што воопшто не е корисно.

3. Често се премислувате


Без разлика дали го сакате или мразите, не може да го негирате фактот дека Џеф Безос е во право. Како што вели Безос, најпаметните луѓе постојано го ревидираат нивното  сфаќање, преиспитувајќи го проблемот што мислеле дека веќе го решиле. Тие се отворени за нови гледишта, нови информации, нови идеи, противречности и предизвици за нивниот сопствен начин на размислување.

Науката го поддржува и Безос. Не само што серија експерименти објавени од „Харвард бизнис ревју“ покажуваат дека менувањето на мислењето може да направи да изгледате помалку паметни, менувањето на мислењето всушност може да биде попаметно.

pameten
Фото: Freepik

Затоа, следниот пат кога ќе ја доведете во прашање вашата интелигенција, размислете колку често сте се премислиле во последните денови. Ако одговорот е често, веројатно сте попаметни отколку што мислите.

4. Не сте утринска личност

Ранобудниците го добиваат целото внимание. Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, својата утринска рутина ја започнува во 3:45 часот. Мери Бара, извршен директор на „Џенерал моторс“, в канцеларија оди во 6 часот наутро.

Раното будење очигледно е паметен пристап.

Но, истражување објавено во „Персоналити енд индивидуал диференсес“ утврди дека ноќните птици, луѓето кои се попродуктивни во доцните часови, имаат поголема веројатност да имаат повисока интелигенција.

Истражување објавено во „Бритиш медикал журнал“ покажа дека ноќните птици имаат и подобри работни места и заработуваат повеќе пари од оние што се будат порано.

Кој е паметниот?

Всушност, никој. Останувањето до доцна и будењето рано наутро нема автоматски да ве направи попаметни.

Важно е да знаете што најмногу ви одговара. Засновањето на одлуките на она што најдобро функционира за вас е јасен знак за интелигенција.

Извор: Inc.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука