По летото среде пролет, во регионот дојде зима, па температурите драстично се спуштија, некаде има и снег, а појавата на утрински мраз значи и потенцијално заледување на патиштата. Ниските температури, според најавите, ќе се задржат уште некое време во регионот, а многумина веќе ги заменија зимските гуми на автомобилите со летни. Што да се прави сега?
На тие возачи им се закануваат големи опасности ако решат да возат со летни гуми во вакви услови. Ако имате намера да одите некаде за каде што е најавено да паѓа снег, ви советуваме да не одите со летни гуми и да си го оставите автомобилот на паркинг. Ако, сепак, сакате или морате да го возите, не ви останува ништо друго освен повторно ставање на зимските гуми за да бидете заштитени од последици, односно од потенцијална несреќа.
Дури и ако нема снег, следните денови ќе има опасности за оние со летни гуми. Утринскиот лед може сериозно да го продолжи патот на кочење. Тој може да биде и повеќе од двојно подолг за оние со летни гуми. И без лед не сте безбедни. Дури и кога патиштата се целосно суви, летните гуми на ниски температури, поради нивната конструкција, односно материјалот кој станува потврд, не функционираат добро како зимските. Патот на кочење со летни гуми, дури и на пат кој е совршено чист, може да се продолжи до 20 отсто во однос на зимските гуми кога температурите се околу нулата.
Од друга страна, не заборавајте да ги ставите летните гуми кога повторно ќе се врати пролетта. Не е добра идеја на високи температури да се вози со зимски гуми. Иако возењето со зимски гуми налето не е забрането, тие може да станат вистински безбедносен ризик поради подолгиот пат на кочење. Освен тоа, така и побрзо се трошат.
Извор:
Jutarnji
Фото: Pixabay