X
 27.12.2022 Здравје

Дали знаете дека постои алергија на студеното време? Ова се симптомите

Може да сте алергични на студ ако забележите промени на кожата или други симптоми по изложување на ниски температури. Оваа состојба може да се појави ненадејно и да исчезне со текот на времето. Алергија може да се појави поради многу причини, вклучително и излегување на студено време, пливање или капење во студена вода и влегување во простор кој е климатизиран или одржуван на ниски температури.

Во принцип, температурата на која сте изложени мора да биде под 4 степени за да се појават симптомите. Доколку постои алергија, изложувањето на овие ниски температури предизвикува ослободување на хистамин во телото, што ги предизвикува гореспоменатите симптоми.

Постојат начини да се справите со состојбата, а можеби дури и ќе можете да спречите нивна појава.

Неопасни, но сериозни симптоми на студена уртикарија може да бидат:

- Црвен исип на местото на изложеност на студ;

- Чувство на печење на погодената кожа додека вашето тело се загрева, оток на местото на изложеност;

- Температура;

- Главоболка;

- Болки во зглобовите;

- Замор;

- Анксиозност;

Тешките симптоми на студена уртикарија кои бараат итна медицинска помош се:

- Анафилакса, која е тешка акутна алергиска реакција што предизвикува проблеми со дишењето, отекување на јазикот и на грлото;

- Силно чукање на срцето;

- Пад на крвниот притисок;

- Несвестица.

Појавата на симптомите може да варира. Може да забележите дека симптомите се појавуваат речиси веднаш (2 до 5 минути) по изложувањето на ниски температури. Симптомите може да исчезнат за 1 до 2 часа.

Во други случаи, реакцијата може да започне долго по изложувањето на студ, во рок од неколку часа или денови, и може да потрае до 2 дена пред целосно да исчезне. Вашата состојба може да биде наследна ако почувствувате одложени симптоми.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје