X
 10.02.2023 Живот

Како изгледа животот на -50 степени, белграѓанец отишол во Русија да провери

Ив Бесеровац од Белград отишол да го посети најстуденото населено место во светот, руското село Ојмјакон, каде што температурите може да паднат и до -71 степен.

Тој на својот инстаграм-профил почнал да објавува како изгледа животот на толку ниски температури.

Вели дека на почетокот не му било лесно да се навикне на студот.

- Мојот прв впечаток беше, Боже, дали ќе го преживеам ова - вели Ив за Би-би-си.

Зимата во овој дел на Русија, регионот Јакутија, може да трае и до седум месеци, што го отежнува секојдневниот живот.

По суровата руска зима, Ив заминал во потоплите региони и моментално е во Бангладеш.



Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот