X
 22.05.2018 Образование

Кој е Адеми, новиот министер за образование и наука?

Арбер Адеми, новиот министер за образование и наука, е роден во 1985 година во с. Опае, Липково, и е доктор по правни науки. Докторирал во 2015 година на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана – Албанија.
Магистерските студии ги завршил на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, со просечна оценка 9,85. Дипломирал прв циклус студии во 2008 година на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, со просечна оценка 9,74.
Тој е професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. Од 2016 до 2017 бил заменик-претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања. Бил член на повеќе работни групи за изготвување повеќе закони.


Фото: МОН

Адеми ѝ беше заменик-министер на Рената Дескоска, министерка во заминување. Во неговата работна биографија објавена на страницата на Министерството за образование и наука пишува дека учествувал на повеќе научни конференции, главно во регионот, а неговите трудови се објавени главно во македонски научни списанија. Зборува албански, македонски и англиски јазик.
Адеми го очекуваат многу предизвици во сите сфери од образованието што ги започна неговата претходничка Рената Дескоска, како спроведување на Законот за високо образование, реформите во основното и во средното образование.
Подготвил: М.А.М

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование