Пандемијата на коронавирусот поттикна лингвистички промени насекаде низ светот. Минатата година се воведоа нови фрази во повеќе јазици, но се чини дека најмногу нови зборови поврзани со коронавирусот има во германскиот јазик. Во овој јазик се појавиле над 1.200 збора поврзани со пандемијата, според листа составена од Институтот за германски јазик „Лајбниц“.
Според институтот, германскиот јазик просечно добива околу 200 нови збора секоја година. На
листата со нови зборови се наоѓа „coronamutationsgebiet“, што се однесува на место на кое соевите на коронавирусот се шират бргу, како и „coronafußgruß“, што го објаснува поздравувањето со стапала, кое некои луѓе почнаа да го користат како замена за ракувањето.
„Gesichtskondom“, што се преведува како „кондом за лице“, е еден од повеќето нови зборови за маски, додека „maskentrottel“ се однесува на лице кое погрешно носи маска. „Abstandsbier” се преведува како „пиво на дистанца“, што е нов начин на безбедно социјализирање во земјата.
Анатол Стефанович, професор по лингвистика, смета дека многу од овие нови зборови ќе исчезнат кога ќе поминат ефектите од пандемијата, но големиот број зборови создадени за да се опише животот со Ковид-19 се неверојатни.
Автор: Џереми Блам
Извор:
huffpost.com
Фото: Pixabay