„Јутјуб“ планира наскоро да воведе промена поврзана со рекламите што се прикажуваат на нејзината платформа за телевизија „Јутјуб ТВ“.
Имено, наместо моменталните реклами од 15 секунди, ќе се прикажува една реклама од 30 секунди. Таа нема да може да ја прескокнете доколку не платите 120 долари.
Од компанијата изјавиле дека огласувачите ќе добијат можност подобро да ги прикажуваат своите производи на овој начин. Освен тоа, компанијата забележала дека 70 отсто од содржините на „Јутјуб селект“ се гледаат преку телевизија.
Корисниците во иднина ќе може да ја паузираат рекламата од 30 секунди за да дознаат повеќе за производот или услугата што се рекламира. Не е познато кога ќе се воведе оваа промена.
„Јутјуб“ ја пушти во употреба платформата „Јутјуб ТВ“ во 2017 година.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay