Остани смирен и покрај тоа што твоите планови не се остварија и што другите се насладуваат на тоа.
Остани смирен и кога ќе почувствуваш дека туѓите зборови не се вистина, затоа што единствено тие самите ќе страдаат од последиците на нивните лаги.
Остани смирен и кога ќе те преплават со критики, но и кога ќе ти даваат комплименти затоа што сфаќаш дека тука нема ништо повеќе од празни зборови.
Учењето да се остане смирен без оглед што се случува околу тебе е една од најголемите животни вештини. Па и кога ќе победуваш, треба да си свесен дека таа победа нема вечно да трае и дека секое вознесување и гордост не го зголемуваат, туку го скратуваат твојот мир.
Остани смирен и кога ти ракоплескаат, кога ти велат дека можеш да сметаш на нив и кога се колнат во пријателството кон тебе затоа што си свесен дека во светот зборот се погазува повеќе од што било друго.
Учењето да останеш смирен без оглед што се случува околу тебе е една од најголемите животни вештини.
Остани смирен и покрај повредите и подметнувањата од другите затоа што сфаќаш дека не мораш да го прифатиш сето она што доаѓа од другите, било добро било лошо, дека тоа не мора да влезе во твојот внатрешен свет и дека може мирно да помине покрај тебе, како што ветерот поминува покрај тебе.
Остани смирен и покрај лузните што ги стекнуваш затоа што од нив ќе излезеш како посилна личност.
Научи да останеш смирен така што ќе поставиш граници за туѓите зборови упатени кон тебе, непримерни емотивни состојби кон тебе и понижувачки обрасци на однесување, граници до кои си човек и до кои толерираш сè, а по кои правиш пресек и не дозволуваш никој веќе да те прави будала.
Научи да останеш смирен затоа што тоа е најдобар знак дека си научил да го сакаш својот живот, таков каков што е – твој е.
Научи да останеш смирен затоа што тоа е најдобриот знак дека си господар на својот живот, а не некој друг!
Марио Жувела