X
 01.02.2022 Технологија

3Д-печатено живеалиште - симулација на животот на Марс

Живеалиштето познато како „Марс дуна алфа“ замислува каков би можел да биде животот за луѓето на Црвената Планета.

Проектот беше концептуализиран од „Бјарке инглес груп“ (BIG), а нарачан од НАСА за да се тестираат 3Д-печатените техники за човечки живеалишта. Сега, нивната визија станува реалност бидејќи градежната технолошка компанија ИКОН почнува со тестирање на овие структури во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон, Тексас. Структурата од 157 квадратни метри ќе биде завршена за да се поддржи Дирекцијата на мисијата за вселенска технологија на НАСА (англ. Space Technology Mission Directorate - STMD) како дел од аналогот за истражување на здравјето и перформансите на екипажот.

1

Тестот ќе вклучува едногодишна симулација на живот на Марс што ќе почне наесен. Учесниците ќе се соочат со искуства што е можно поблиску до реалноста и ќе вклучуваат симулиран дефект на опремата, доцнење во комуникацијата, намерно ограничени ресурси и други планирани прашања. За тоа време, астронаутите што се на обука мора да продолжат со истражување. Резултатите од оваа симулација ќе помогнат во планирањето на вистинското патување на Марс.

2

- Податоците добиени од ова истражување на живеалиштето директно ќе влијаат врз стандардите на НАСА за долготрајни истражувачки мисии и потенцијално ќе ја постават основата за нов домашен Марс - велат од „Бјарке Инглес“.

„Марс дуна алфа“ ќе нѐ одведе чекор поблиску да станеме мултипланетарен вид - додаваат од „Бјарке Инглес“.

3

mars

Организацијата на „Марс дуна алфа“ вклучува приватни станбени простории, работни станици, медицински станици, станици за одгледување храна и заеднички простор за живеење. Висините на таванот се разликуваат во целиот проект, кои има дизајн на голем лак планиран за уникатни области на просторот.

4

„Марс дуна алфа“ не е единствениот проект на кој работат БИГ и ИКОН за НАСА. Проектот „Олимп“ се обидува да разбере како може да се користи 3Д-печатењето на Месечината користејќи само материјали пронајдени на Месечината.

5

Извор: Mymodernmet.com
Фото: BIG/Instagram | ICON/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија