X
 22.06.2018 Наука

Тест за откривање аутизам кај децата преку крв

Во март минатата година истражувачите на Политехничкиот институт „Ренселар“ во САД овозможија докази дека нивната метода за дијагностицирање аутизам, базирана на едноставно испитување на крвта, има голем потенцијал.

Сега друга студија, која е продолжение на претходната и која го применува тестот кај деца, го потврдува успехот на оригиналните резултати, носејќи нè еден чекор поблиску до веродостојно детектирање кај кои деца има поголеми шанси за развивање на карактеристиките идентификувани со аутистичниот спектар на нарушувања (АСД).

Клучот на тестот е алгоритам кој ги зема предвид присуството и концентрацијата на хемикалии во крвта кои претходно биле поврзувани со аутизмот.

Иако овој алгоритам претходно беше успешен при тестирањето на околу 150 возрасни лица, важен резултат би бил ако може успешно да се примени и кај многу помлада група.

- Ова е пристап кој би сакале да го видиме како станува клиничко испитување и на крајот комерцијално достапен тест - вели биологот Јуерген Хан. 
Сè уште е мистерија што точно го предизвикува аутизмот. Вмешани се голем број гени, но во фокусот на многу истражувања е како тие се во интеракција со фактори од околината за да дадат повод за одредени карактеристики.

Фото: Science Alert

Во претходните испитувања истражувачите открија дека преку мапирање на нивоата на 24 такви хемикалии поврзани со аутизам, тие можат да идентификуваат кои возрасни лица во една група имаат дијагноза за АСД со речиси совршена точност.

- Способни сме да предвидиме со 88-отстотна точност дали децата имаат аутизам - вели Хан.

Ова е пад од претходниот резултат од 97,6-отстотна точност, но сè уште е импресивно. Се очекува идните тестирања да го подобрат алгоритмот, како и точноста кога станува збор за помали деца.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука