Кроација Осигурување/неживот, ве поканува на 02 април во 12 часот, во Зоолошката градина (едукативен центар) да го обележиме меѓународниот ден на аутизмот. Настанот е во организација на здружението Во мојот свет и истото е во рамки на светската кампања Light it up Blue – да осветлиме во сино, како поддршка на лицата со аутизам. Дојдете да се дружиме со Златните Славејчиња, Тавитијан, Ребека, Влатко Лозановски и многу други.
Ве очекуваме со целата љубов и поддршка за децата со аутизам.
Заедно, до подобар свет!