X
 22.06.2019 Живот

Европски острови прогласени за хит-дестинации за 2019 година според „Лонли планет“

Престижниот британски туристички водич „Лонли планет“ објави листа со топ-10 туристички дестинации во Европа. Меѓу нив, на шесто место се најдоа Шетландските Острови во Шкотска. Овој архипелаг што се состои од околу 100 острови, од кои само 15 населени, е дел од УНЕСКО-мрежата на глобални геопаркови. Неговата огромна геолошка разновидност ја нема на ниту едно друго место во Европа.

Крајбрежни патеки, предели со интензивна флора, прекрасна шкотска архитектура, одличен фестивал на викиншки пожари што се одржуваат во речиси секое село, сето тоа ја сочинува нивната автентичност.

Исто така, треба да се посетат локалитетите на археолошкото и културното наследство. Еден од нив е и Шетландскиот музеј, каде што се чува нивната историја, долга 5.000 години. Рибата и морските плодови претставуваат традиционална храна во овој регион, а можат да се пробаат во многубројни ресторани во главниот град Лервика, но и на помалите места.

На првото место на листата се ноаѓаат Високите Татри (планински венец во Словачка), потоа главниот град на Шпанија, Арктичкиот круг во Исланд, Босна и Херцеговина и градот Бари во Италија. Исто така, „Лонли планет“ советува дека во 2019 година треба да го посетите и францускиот град Лион, Лихтенштајн, градот Веве во Швајцарија и Истра.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот