X
 08.10.2019 Живот

Познатата контролна соба за реакторот 4 во „Чернобил“ сега е отворена за туристи

На 26 април 1986 година се случи катастрофа во нуклеарната електрана „Чернобил“, поради што починаа 30 лица, а катастрофата имаше влијание врз животите на многу луѓе во текот на следните години. Областа околу нуклеарната електрана беше отсечена поради опасно високите нивоа на радиоактивност.

Сега, повеќе од 33 години подоцна, контролната просторија за реакторот 4 во „Чернобил“ е отворена за бизнис и туристите можат безбедно да ја посетат зоната.

Иако контролната просторија е отворена за туристи, има и некои мерки за претпазливост. На пример, секое лице што влегува во областа мора да носи костим кој го покрива целото тело, маска за дишење, шлем и ракавици за заштита.

Исто така, посетите се дозволени само како дел од тура со водич.

Сето ова е дел од планот за зајакнување на туризмот во Украина. Туризмот веќе процвета во областа по говорот на претседателот на земјата, Волоидимир Зеленски, во јули, кога тој истакна дека електраната ќе се отвори за туристи.

Не беше потребно многу време за меѓународните туристи да покажат интерес, со оглед на тоа дека веќе беше побуден интересот по серијата „Чернобил“.

По посетата туристите мора да одат на два радиолошки теста за да ја измерат изложеноста на контаминанти.

Сепак, некогаш екстремно радиоактивната зона сега се смета за безбедна, со радијација колку и рендгенско зрачење.

Сè до средината на оваа година северниот украински град Припјат и Чернобил, кои се соседни градови, беа во центарот на зоната на исклученост - област од околу 3.200 квадратни километри. Неколку делови од зоната беа посетени од страна на храбри туристи низ годините.

Реакторот 4 беше целосно надвор од границите за сите освен за неколкумина, поради тоа што радијацијата беше 40.000 пати повисока отколку во која било друга област во зоната на исклученост.

Што можете да очекувате при посетата на реакторот 4?

Ќе видите грозоморно место со испрашени контроли. Просторијата е претежно соголена од прекинувачи, но голем дел од електричната инсталација е останат.

- Многу луѓе доаѓаат тука, поставуваат многу прашања за серијата, за настаните. Луѓето стануваат сè пољубопитни. Во текот на целата посета на зоната на исклученост добивате околу два микросиверти, што е еднакво на количината на радијација што би ја добиле кога би седеле дома 24 часа - истакна Викторија Брожко, еден од официјалните туристички водичи.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот