X
 26.04.2018 Наука

Научниците открија нов вид птица со неверојатна појава

Орнитолозите го класифицираа видот птица вогелкоп како сопствен вид откако ги препознаа разликите со две слични птици.

Овие таканаречени „птици од рајот“ се познати по тоа што еволуирале суперцрни пердуви што ја апсорбираат речиси целата светлина и прогонувачко-додворувачки танци. Но сега научниците откриле дека постојат два вида.

Со години луѓето сметале врвната вогелкоп -„птицата од рајот“ е пораспространета.

„Откако ќе видите како изгледа вогелкоп и како се однесува во дивината, постои малку простор за сомневање дека е посебен вид. Танцот на додворување е различен, гласовите се различни, женките изгледаат поинаку, дури и формата на мажјакот е различна“, вели Ед Сколс, еволутивен биолог од универзитетската лабораторија во Корнел.

На левата страна на сликата подолу е раширена „птицата од рајот“, со познатиот црн смајли лик за парење. Оддесно е новооткриената птица вогеклоп, која повеќе изгледа како да има намуртено лице.

Двете птици се ендемични во Нова Гвинеја, но вогелкоп се наоѓа само во далечниот западен регион на островот.

Сколс и Тимоти Ламан, орнитолог и фотоновинар на диви животни од Музејот за компаративна зоологија на Универзитетот „Харвард“, ги документирале аудио-визуелните податоци. Видеоснимката открива дека кога ќе ги рашири крилјата за да го изведе додворувачкиот танц, мажјакот вогелкоп има сосема различен изглед - облик на полумесечина со пошилести врвови, а не овална форма на широко распространетатa форма на видот.



Фото: Tim Laman & Ed Scholes/Macaulay Library
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука