X
 22.06.2019 Живот

Земја во која можете да поставите шатор каде сакате и кога сакате

Дивото кампување е забрането во повеќето европски земји. Поставувањето на шатор во недопрена природа или на некоја друга локација која не е означена за ваков вид на забава е противзаконски чин за кој се плаќаат казни. Особено голем прекршок е ако се решите за кампување во некој национален парк, каде палењето оган би можело да предизвика незамисливи штети.

Меѓутоа, ваквите правила, како што пишуваат одредени медиуми, не важат баш во цела Европа. Во Шведска на сила е закон кој му дозволува на локалното население, но и на гостите да шетаат, да возат велосипед или да скијаат во целата држава. Исклучок од правилото се само дворовите во приватна сопственост.

Ова во Шведска се практикува од средниот век, а дел е и од уставот. Иако имаат дури 30 национални паркови, Швеѓаните веруваат и дека секој има право да кампува каде што ќе посака без да плаќа за тоа.

Единственото правило кое морате да го почитувате е шаторот да ви биде поставен барем 70 метри подалеку од нечија приватна куќа. Нормално, не смеете да заборавите на однесувањето во согласност со природата, па местото каде ќе кампувате треба да го оставите во истата состојба во која сте го нашле.

Правото на лутање се практикува и во Финска, Норвешка, Исланд, Естонија и Литванија.

И не, лошите временски услови не ги спречуваат жителите на овие земји и туристите да истражуваат и да се рекреираат. Тие кампуваат и во екстремни услови среде зима додека паѓа снег или дожд, а температурите се длабоко под нулата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот