X
 22.06.2022 Живот

6.000 луѓе го дочекаа изгрејсонцето на јунската долгоденица кај Стоунхенџ

Илјадници „друиди”, „пагани” и „нововремци” (NewAgeists), кај славниот британски Стоунхенџ ја дочекаа летната долгоденица, односно најдолгиот ден во годината на северната Земјина хемисфера.

Полицијата во Вилтшир соопшти дека околу 6.000 луѓе се собрале да го дочекаат изгрејсонцето во 4:49 часот. Според наводите, собирот минал мирно, а ова е прв ваков настан по 2019 година. Последните две години, изгрејсонцето се следеше преку интернет, поради пандемијата на коронавирус.

Стоунхенџ е праисториски споменик во рамнината Солсбери во југозападна Англија. Се верува дека тој служел за обредите на древните народи кои го славеле Сонцето.

Вистинската причина за ова не е точно утврдена, но камената постројка е направена така што на летната долгоденица Сонцето минува низ карпите и фрла светлина точно на центарот на кружната конструкција.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот