Сесил Чаб во 1915 година отишол на аукција за да купи столови за трпезариска маса, но се вратил дома по врвно импулсивно купување на Стоунхенџ.
Како и повеќето ловци на најдобри понуди што се нашле во театарот „Палас“ во Солсбери, Англија, во 1915 година, и Сесил Чаб ја барал најдобрата цена.
Легендата вели дека богатиот 39-годишен адвокат го испратила неговата сопруга да купи столови за трпезариска маса, но сето тоа се сменило кога аукционерот Хауард Франк објавил дека се продава артиклот број 15: „Стоунхенџ со околу 30 хектари земја“.
Можеби е тешко да се замисли најпознатиот праисториски споменик во светот, кој денес е светско наследство на УНЕСКО, да се продава за најголема понуда, но тоа се случило кога имотот на сер Едмунд Антробус бил продаден по само неколку месеци од неговата смрт.
Она што е потешко да се замисли е дека Френк не наишол на нетрпеливи купувачи кога дал понуда од 5.000 фунти. Зјапал во толпата, но конечно му олеснило кога видел рака крената во воздух. Лицитацијата достигнала 6.000 фунти.
- Господа, невозможно е да се стави цена на Стоунхенџ. Но, сигурно 6.000 фунти е лоша понуда. Ако никој повеќе не наддава, ќе го оставам по оваа цена. Нема некој што сака да наддаде над 6.000 фунти за Стоунхенџ? - прашал Френк.
Тој некој бил Чаб. Кога аукционерот конечно удрил со чеканот, Стоунхенџ бил продаден за 6.600 фунти (нешто повеќе од милион долари во денешни пари).
Чаб, кој бил роден на речиси пет километри од Стоунхенџ, за локалните весници изјавил дека немал намера да купи неолитска реликвија кога влегол во театарот.
- Додека бев во собата, си мислев дека треба да го купи човек од Солсбери. И така беше - рече тој.
Местото, кое било приватна сопственост откако кралот Хенри VIII го зел од блиската опатија во 1540 година, ги привлекувало љубопитните посетители. Ловци на сувенири од 19 век редовно отстранувале фрагменти од старите блокови и ги врежувале нивните имиња на античките камења. Потоа, во 1900 година надворешниот исправен камен паднал на земјата. Наредната година, Антробус, чие семејство го купило Стоунхенџ околу 1800 година, го заградил споменикот и почнал да наплатува 1 шилинг за влез.
По една година откако друидите го проколнале сопственикот на споменикот поради забраната за нивното годишно славење, Антробус го изгубил единствениот син и наследник, на Западниот фронт во октомври 1914 година.
Четири месеци подоцна и Антробус починал, на 67-годишна возраст. Неговата вдовица го остави на аукција имотот, меѓу кој и Стоунхенџ.
Некои заштитници веруваат дека Стоунхенџ треба да ѝ биде предаден на британската влада, но откако го купил Чаб, тој останал во приватни раце. Наводно сопругата на Чаб не била воодушевена од неговото купување, што ја олеснило одлуката кога Чаб им го дал Стоунхенџ на Британците, во октомври 1918 година.
Британската влада иницирала обемна реконструкција на Стоунхенџ во 1919 година, што вклучувало исправување на камењата и нивно повторно поставување во бетон. Речиси еден век подоцна, реставрацијата продолжила со отстранување на околните патишта и застарените објекти за посетители, за да се врати стариот изглед.
За возврат поради неговиот подарок, Чаб ја добил понудата прв баронет од Стоунхенџ, но локалното население го нарекувало сер Сесил, висконт на
Стоунхенџ. Чаб починал на 58-годишна возраст, во 1934 година, предвидувајќи дека оние што живеат во близина на Стоунхенџ ќе имаат бесплатен влез во споменикот.
До денес, околу 30.000 од 1,3 милион луѓе што годишно го посетуваат Стоунхенџ не платиле влезници благодарение на импулсивното купување на последниот приватен сопственик на Стоунхенџ.
Извор:
B92.net
Фото: Pixabay